fbpx

ИД се обидела да донесе цивили во Мосул и да ги користи како жив штит

-

Исламска држава се обидела да префрли околу 25.000 цивили во Мосул, а се претпоставува дека планот на групацијата бил да ги користат тие луѓе како човечки штит во одбрана на своите позиции.

Цивили од Хамам ал Али, град кој се наоѓа јужно од Мосул, се качени во камиони и во минибуси во раните утрински часови, но повеќето се врателе поради нападите од патролните авиони, соопшти портпаролката на ОН, Равина Шамдасани.

Сепак, некои автобуси стигнале до Абусаиф, 15 километри северно од Хамам ал Али.

Шамдасани, повикувајќи се на извештаи од теренот, рече дека ИД во саботата убила 40 поранешни членови на ирачките безбедносни сили во близина на Мосул, а нивните тела биле фрлени во реката Тигар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...