fbpx

ИД протерана од родното место на Гадафи

-

Либиските сили соопштија дека го вратиле под контрола пристаништето во градот Сирт, по жестоките борби со припадниците на Исламска држава.

Сирт е најзначајното упориште на џихадистите надвор од Ирак и од Сирија.

Бригадите чиј најголем дел се состои од борци од Мисрата оваа недела во борбите против силите на ИД остварија значаен напредок кон центарот на Сирт, како дел од офанзивата што ја почнаа минатиот месец.

На почетокот на оваа недела, либиските авиони почнаа да ги бомбардираат позициите на ИД во Сирт, додека воената морнарица ги нападна џихадистите од море, наведуваат либиските власти, додавајќи дека офанзивата ќе продолжи.

Портпаролот на либиските сили, генерал Мухамед ал-Гусри, изјави дека лидерите на ИД во Сирија побегнале северно од градот во пустината, но додаде дека голем број милитанти и понатаму се под опсада во центарот на Сирт.

Џихадистите ја презедоа контролата на Сирт минатата година, но оттогаш тешко успеваат да ја задржат освоената територија или да добијат поддршка во други делови на Либија.

Тој град со години се сметаше за најголемо упориште за приврзаниците на убиениот лидер на Либија, Муамер Гадафи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...