Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, кофинансиран од Европската унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и од нејзини партнери од неколку балкански земји, отвори Повик за апликации за поддршка на граѓански организаци (ГО) за промовирање на Дигиталната агенда.

Ќе бидат доделени 15 мали грантови на ГО од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во опсег од 3.000 до 7.000 евра по грант. Времетраењето на спроведувањето на одделните грантови е 6 месеци.

Целите на проектите со коишто ГО ќе конкурираат, треба да бидат:

  • да се ​​зголеми капацитетот на ГО и медиумите за справување со предизвиците поврзани со дигиталната агенда, овозможувајќи им да станат активни учесници во процесот;
  • да се ​​зајакне улогата на ГО во помагање на државните институции за подобро искористување на потенцијалот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со цел да се подобри квалитетот на нивните е-услуги за граѓаните и да се зголеми нивната отвореност, вклучително и постигнување поголема транспарентност и одговорност преку развој на ефикасни е-владини системи;
  • да се ​​зајакне довербата и безбедноста на интернет преку обезбедување обуки и подигнување на свеста преку мрежа на ГО кои промовираат дигитална писменост, вештини и вклученост на регионално, национално и локално ниво;
  • да се ​​зголеми видливоста на прашањата поврзани со Дигиталната агенда во граѓанското општество и медиумите;
  • да се ​​зголеми побарувачката на граѓаните за квалитетни е-услуги преку обука и подигање на свеста од страна на ГО.

Повеќе информации може да се видат тука.