fbpx

И заменичката на Арсовска поднесе оставка

-

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска ги загуби својата заменичка и поддршката од Алијанса за Албанците. Заменик градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази на прес-конференција пред бараките на Град Скопје поднесе оставка, порачувајќи дека партијата Алијанса за Албанците повеќе не ѝ дава поддршка на скопската градоначалничка.

Оставката на Абази уследи по оставките на неколку в.д. директори на јавни претпријатија основани од Град Скопје и разрешувањето на доскорешниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, а пораката од заменичката Абази дека прекинува соработката меѓу нејзината партија и Арсовска е официјализирање на она што го изјави Арбен Таравари во јули.

Тогаш генералниот секретар, а сега в.д. претседател на Алијанса за Албанците рече дека прекинува соработката со Арсовска, откако скопската градоначалничка по  инцидентот со пукањето кај хотелот „Де Кока“ го разреши директорот на ЈП „Комунална хигиена“, кој беше кадар на АА и брат на пукачот.

„На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие коишто наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани. Но, актуелната Градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните. Целата јавност вчера беше сведок како Арсовска им даваше власт на структури кои со години им нанесуваат тешка штета на Албанците воопшто и на скопјани особено“, порача досегашната заменик-градоначалничка Бујаре Абази на денешната прес-конференција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...