fbpx

И Заев и Мицкоски уверени во победата на денешните избори

-

Лидерите на двете најголеми македонски партии денеска го остварија своето право на глас, со уверување дека тие ќе победат на предвремените парламентарни избори во земјава. Претседателот на СДСМ Зоран Заев по гласањето во Струмица изјави дека овие избори се поразлични од претходните, но не и помалку важни.

– Со резултатот од овие избори ќе знаеме на која позиција, како ќе успееме за следните 4 години, како ќе биде животот на граѓаните за 4 години. Од денешната одлука на граѓаните зависи кој ќе води грижа за здравјето на граѓаните, кој ќе ги отвора и затвора поглавјата со ЕУ, но уште поважно кој ќе се грижи за економскиот раст и развој на сите граѓани – изјави Заев.

Тој изјави дека верува оти преку нивната позитивна и промотивна кампања успеале да ги осигурат и убедат граѓаните дека коалицијата предводена од СДСМ е таа што ја очекува најголемата поддршка. 

– Државните институции навистина покажаа капацитет да организираат вака специфични избори со почитување на сите здравствени протоколи, што треба да биде сериозно охрабрување за граѓаните да излезат во максимален број и да дадат правец на државата, преку својот глас и својата определба за да продолжиме напред по патот по кој чекориме – рече Зоран Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по гласањето изјави дека народот масовно излегол на гласачките места и дека истиот е подготвен за голема промена. Тој посочи дека посакуваат поголема излезност на гласачите, но и упати порака дека постоеле бројни нерегуларности кои „ќе остават сериозна трага која што практично ќе биде еден вид флека на овој изборен процес“.

– Сакам да ја искористам оваа прилика и да упатам апел до секој оној кој што има било каква дилема да му слугува на Зоран Заев и на ова раководство на СДСМ во нерегуларностите дека ќе сноси кривична одговорност и за тоа од утре посебно ќе се внимава како измина денот, но и какви беа изминатите денови – изјави Мицкоски.

Сепак, тој посочи дека е важно што победувала промената и граѓаните масовно одлучиле да гласаат за промена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...