fbpx

И во полициски час тутунопроизводителите ќе можат да си ги подигнат парите од државата

-

Денеска Владата исплати 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители во државата, информира денеска на прес-конференција Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој, заедно со министерката за за финансии Нина Ангеловска и директорот на платежната агенција Николче Бабовски, истакнаа дека приоритет во моментов е да се овозможи поддршка на земјоделците.

– Субвенциите во овие кризни времиња се клучни и таа наша обврска ја реализираме. Исплаќаме над 30 милиони евра субевнции за 19.050 тутунопроизводители. Сите тие денес ќе ги добијат парите. За да нема гужви во банките, во овој период кога се очекува пикот, подигнувањето на парите ќе се одвива во четири денови, почнувајќи од вторник до петок. Оние тутунопроизводители кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат тоа да го направат и во понеделник во периодот од 16 до 23 часот без разлика на тоа што е полициски час во тој период од денот. Тутунот е наша стташтека гранка и бележи стабилно производство, што се должи на владините политики на оваа гранка – рече министерот.

Неговата колешка од Министерството за финансии Нина Ангеловска истакна дека и во време на вонредна состојба државата мисли на земјоделците.

– Важно е да се набават потребните материјали за да се продолжи со работа, штом условите го овозможат тоа. Ќе се дисперзира исплатата и сите земјоделци ќе ги добијат средствата. Сите што имаат потреба да подигнат готовина, тоа можат да го направат во понеделник на банкомат од 16 часот и без разлика што е полициски час, ќе им биде дозволено бидејќи Министерството за внатрешни работи ги има имињата на луѓето кои треба да си подигнат пари. За да се намали ризикот од ширење на корона вирусот, банките ќе работат со продолжено време, од 8 до 17 часот, а земјоделците ќе имаат можност да се движат до 18 часот – рече Ангеловска.

Тутунопроизводителите можат со парите да го купат она што им е потребно за новата реколта или да ги реинвестират овие пари во нови култури. Сите корисници кои имаат електронско банкарство, пожелно е сметките да ги проверат од дома.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...