fbpx

И со новата Стратегија за енергетика, јагленот останува најголемата опасност за природата и живиот свет

-

Продолжувањето со користење на фосилните горива, особено на јагленот како енергенс, е една од најголемите опасности за водата, воздухот, почвата и живиот свет, нотира Оценката на влијанието на Стратегијата за енергетика до 2040 врз животната средина. Анализата ги разгледува влијанијата на Стратегијата како целина и во поширок обем, а нотирани се и негативните и позитивните придобивки од насоките кои ги предвидуваат сценаријата во Стратегијата.

Две од сценаријата предвидуваат напуштање на децениската практика на користење јаглен како извор на примарна енергија и во различни временски рамки воведување на поголем процент обновливи извори на енергија. Тоа во значајна мерка ќе допринесе за намалување на притисокот врз природата, воздухот, водата… Сепак, Извештајот предупредува дека и капацитетите за обновливи извори на енергија како ветерниците и соларните полиња, можат да бидат потенцијална опасност.

Прв чекор за внимание, во планирањето и изградбата на енергетските постројки е изборот на локации, смета Методија Велевски од Македонското еколошко друштво. Иако за некои објекти не постои можност на алтернативни локации, значителен дел, посебно фотоволтаиците, ветерните електрани и малите хидроцентрали можат да бидат дел од подетално и повнимателно просторно планирање.

Потребно е да се избегнуваат сите подрачја значајни за биолошката разновидностзаштитените подрачја на природата, подрачјата идентификувани за заштита и Емералд подрачјата. Користењето на најнови технологии често значи и поголема безбедност за медиумите на животната средина. Нови модели на ветерни турбини го намалуваат или целосно елиминраат ризикот по лилјаците и птиците, ја намалуваат бучавата, нови генерации на фотоволтаици овозможуваат поголема продукција на енергија за помала површина и имаат поголема трајност, и слично, посочува Велевски.

Според Извештајот, создавањето и управувањето со отпад е најмногу засегнато од производството на електрична енергија од фосилни горива. Во Македонија, како резултат на повеќедецениска работа на најголемите постројки за согорување РЕК Битола и РЕК Осломеј, создадени се значителни количини пепел и шљака од согорување. Резултат од несоодветното повеќегодишни управување со овој отпад се две големи депонии, деградирани површини и значајни извори на прашина. Доколку се прифати сценарио што ќе дозволи нови ископи на јаглен тоа директно се заканува на нови деградациии и ерозиии на почвата, намалување на земјоделското земјиште и шумите како и загадување на површинските и подземните води.

Реалноста во земјава, според Искра Стојковска од невладината организација Фронт 21/42, не ветува дека јагленот, кој е главен извор на енергија во нашата земја и истовремено најголем загадувач, навистина ќе престане да се користи во догледна иднина. Овој став, и покрај фактот дека во две од три сценарија енергетската стратегија предвидува затворање на РЕК Битола, го темели на плановите на ЕСМ да отвори нов површински копПодинска Јагленова Серија Суводолпо исцрпување на резервите од Суводол и фактот дека со планираната фотоволтаична централа на местото на рудникот на ТЕЦ Осломеј не се напушта проектот замодернизацијана Осломеј, кој предвидува продолжување на работата на термоцентралата за најмалку 30 години, со увозен јаглен.

Природата и биодиверзитетот може да бидат засегнати речиси со целиот енергетски сектор, не само од експлоатација на јаглен. Стратегијата за заштита на природата, се вели во извештајот, покрај експлоатацијата на минерални суровини, како закани за геодиверзитетот, пределската и биолошката разновидност ги посочува и големите и малите брани и малите хидроцентрали.

„Плановите за мали хидроцентрали продолжуваат и покрај јасната препорака на Комитетот на Бернската конвенција за заштита на биолошката разновидност, земјава да ги напушти сите планови за вакви проекти на територијата на Националниот парк Маврово. Она што најмногу загрижува е фактот дека самиот Национален Парк, институција која би требало да биде најголемиот заштитник на природата во паркот, целосно игнорирајќи ја препораката на Бернската конвенција има издадено позитивни мислења за најмалку седум хидроенергетски проекти на територијата на националниот парк, вели Стојковска.

Влијанија врз биодиверзитетот имаат и постројките за обновливи извори на енергија. Кај ветерниците, се јавуваат влијанија врз птиците и лилјаците, а со фотоволтаичните централи се зафаќа земјиште, се дефрагментираат или уништуваат на хабитати, се попречуваат миграторни патишта Сепак, Извештајот констатира дека со поинтензивното воведување на обновливите извори во производството на електрична енергија како замена за јагленот, ќе нема потреба од нови рудници, што пак ќе доведе до намалување на негативните влијанија врз воздухот, водите и почвата, а преку тоа и намалување на влијанијата врз биодиверзитетот.

Студиите за оценка на влијанијата врз животната средина треба реално да ја отсликуваат последната состојба на терен, но и на минатото значење на локациите за некои видови и живеалишта, затоа што тоа укажува и на нивното идно значење. Во фазата на изградба, потребен е строг надзор на почитувањето на препораките од Студијата, бидејќи често препораките се добри, но имплементацијата затајува. Сметам дека неопходно е и спроведување на мерки на ублажувањекако на влијанието на самиот проект, поединечно и кумулативно, така и влијанието на навидум неврзани сектори како земјоделството или шумарството, на засегнатите видови и живеалишта. Добро е да има и компензација или обезбедување на ист тип на живеалишта на други локации, поблиски или подалечни од проектното подрачје, на начин што ќе обезбеди да нема загуба на биолошката разновидност. Бидејќи често пати инфраструктурните проекти се самопоследен клинец во сандакот“, проблем кој само се надоврзува на веќе постојна низа проблеми со кои видот или живеалиштето се соочуваат, вели Велевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...