fbpx

И Скопје дел од едночасовното затемнување за „Часот на планетата Земја“

-

Со исклучување на уличното осветлување и на илуминациите на неколку објекти во централното градско подрачје, Градот Скопје синоќа во периодот од 20.30 до 21.30 часот се вклучи во одбележувањето на светското движење „Час на планетата Земја“.

Во исто време, стотици градови од 162 држави во светот ги исклучија светилките и испратија порака за штедење на енергетските ресурси и за намалување на климатските промени.

Во Скопје, синоќа беа исклучени светилките на улицата Македонија, плоштадот Македонија и на плоштадот Филип Втори, како и на илуминациите на палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, мостот Око, Мостот на уметноста, Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за самостојност.

На просторот меѓу палатата „Пелистер“ и Ристиќевата палата, присутните граѓани имаа можност да погледнат перформанс со светлечки ефекти. На плочникот, пак, со запалени свеќички беше формиран бројот 60+ што означува шеесетминутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени.

Организатори на оваа активност беа Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...