И покрај најавите за избор на реис на ИВЗ по Курбан Бајрам, процесот уште не е започнат

-

Исламската верска заедница на Р.С. Македонија (ИВЗ) сè уште не ги започна подготовките за избор на нов реис, и покрај тоа што најавуваше дека по Курбан Бајрам треба да започнат со изборниот процес. ИВЗ, сега повторно најавува дека очекуваат да започнат активностите за избор на нов реис кон крајот на септември, пишува „Порталб.мк“.

Селвер Џемаили, шеф на Кабинетот на реисот Шаќир ефенди Фетаху, вели дека нема сигнали за почеток на постапката за избор на нов реис.

– Процедурите сè уште не се започнати, имаме рок 6 месеци, се надевам дека кон крајот на септември ќе бидеме спремни за изборниот процес – вели Џемаили.

Инаку, на чело на ИВЗ во моментов е в.д. реисот Шаќир Фетаху, којшто може да остане на оваа позиција од шест месеци до една година од денот на добивање на задачата, а потоа треба да се прогласат избори за нов поглавар.

Ријасетот на Исламската верска заедница на вонредната седница одржаната на 27 мај со двотретинско мнозинство го разреши од функција нивниот поглавар, Сулејман Реџепи. Без разлика што Ријасетот не ги изнесе причините за разрешувањето на Реџепи, оваа постапка следеше неколку дена откако Реџепи се ожени со 50 години помлада девојка, чин за кој имаше мноштво негативни коментари на социјалните мрежи.

Според Уставот на ИВЗ, Реис ул Улема е орган и претседател на ИВЗ кој ја застапува верската интеграција на припадниците на Исламот. Изборот на Реис ул Улема се врши согласно со Правилникот за избор на Реис ул Улема. Овој правилник се изготвува од страна на Изборната Комисија и се менува во секој изборен циклус. За Реис ул Улема можат да бидат предложени и избрани лица кои дипломирале исламски факултети, кои имаат 10-годишно искуство на успешно работење во редовите на ИВЗ и се над 40-годишна возраст. Според член 36 на Исламската Верска Заедница на РСМ, Ријасетот на ИВЗ го предлага, избира и го разрешува Реис ул Улема.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...