fbpx

И Кочани ќе субвенционира бракови

-

Секој втор ерген во Кочанско има повеќе од 40 години, оценува Општина Кочани.

Последните пет години двојно се зголемил бројот на ергените и на немажените девојки во четвртата деценија од животот, поради што Советот на Општината донел одлука да ги субвенционира браковите во кои еден од сопружниците има повеќе од 40 години. При склучување брак, двојката ќе добие 500 евра.

– Условите се едноставни, треба да бидат жители на општината и еден од брачните другари да е повозрасен од 40 години – изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Во Општината немаат точна бројка на жители на Кочани и на околните села што влегуваат во оваа категорија, меѓутоа наскоро очекуваат да се случи и првата субвенционирана свадба.

Кочани е третата општина во Источна Македонија што се одлучи на стимулирање бракови преку субвенционирање. Прва на ваква идеја дојде Општината Лозово, по што следеше Свети Николе.

Само во Свети Николе се проценуваше дека има повеќе од 600 ергени и девојки повозрасни од 40 години, кои чекаат на своето прво „да“.

Досега ниту една од овие општини не излезе со податок за ефектите од субвенционирањето бракови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...