fbpx

И „Гугл“ наскоро ќе преведува говор во живо

-

Компанијата „Мајкрософт“ неодамна на својот „скајп“ ја претстави можноста за преведување човечки говор, а се чини дека таа опција наскоро ќе ја воведе и „Гугл“, пишува „Њујорк тајмс“ .

„Гугл“ наскоро треба да ја објави новата верзија на „гугл-преведувачот“ за „андроид“, а надградбата вклучува и систем кој автоматски препознава говор од најпознатите јазици и ги преведува во текст. „Гугл-преведувачот“ веќе тоа го прави, но оваа надградба би требало да биде многу поголема, а „Гугл“ и претходно најавуваше дека нивниот „преведувач“ ќе може да испорача инстантен превод, што е голем предизвик.

„Преведувачот“ би требало да добие и опција која ќе ни преведе кој било текст кога кон него ќе впериме телефон. Ваквата технологија ја имаше апликацијата „ворд ленс“. Компанијата „Лвест вижуал“, која стои зад апликацијата, сега е во сопственост на „Гугл“, па затоа се претпоставува дека тоа ќе биде вметнато во новиот „гугл-преведувач“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...