fbpx

И Али Ахмети на лидерската средба за името

-

На лидерската средба, в сабота во Клубот на пратениците во Скопје, на која претседателите на најголемите политички партии ќе разговараат за рамката за решението на спорот со името, кој нашата држава го има со Грција, ќе учествува и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, потврди за „Мета“ Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на партијата.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција ја најави средбата и рече дека владата веќе го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот и дека очекува да биде изграден „широк национален консензус“.

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас денеска првпат официјално се сретнаа на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...