Утре со почеток во 11 часот сè до 20 во „Бруталиск“ ќе се одржи целодневен хуманитарен концерт за да се соберат пари за нови тапани за Дино Рамо, момче со атипичен развој кое одлично свири на овој инструмент.
Организаторите Пи Театар, Арт Бригада и Бруталиск се надеваат дека кутијата за донации ќе се наполни до последниот настап, а најавија дека Дино ќе одржи џем сесија на тапани во 16 часот.
На концертот ќе настапат и класични музичари, рок бендови, стенд-ап комичари и актери за да придонесат Дино продолжи да го прави тоа што најмногу го сака.
Програмата ќе започне со детски маскенбал по што ќе настапат, Гудачко трио: Билјана, Љубица, Александра, Stringendo, Васил Ангелов & Band, Црно Собрание, Симон Киселички, Бојан Кирковски- Stand up и Џијан Емин & Шлиц. Водител на целодневниот настан ќе биде актерот Игор Ангелов.
Организаторите исто така потсетуваат дека оние кои ќе бидат спречени да дојдат, а сакаат да помогнат, можат да донираат преку жиро сметка:
Сметка за донации:
Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи
Жиро сметка: 200002429693434 Стопанска банка
Цел на дознака: Тапани за Дино