fbpx

Хуман третман на кучиња скитници во општина Струмица

-

На територијата на општина Струмица од крајот на јули, кога почна да се реализира хуманиот третман на кучињата скитници, до сега, по пријава на граѓани, биле заловени вкупно 17 кучиња скитници, информираат од општината.

Заловувањето го врши ветеринарната клиника „Анри вет“ од Стојково со која по тендерската постапка, општина Струмица склучи договор и направи план и динамика за спроведување на активностите кои се вршат согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

– По заловувањето, кучињата се транспортираат до прифатилиштето и од секое се зема крв и се праќа на испитување за лајшмaниоза во лабораторијата на факултетот во Скопје. Доколку кучето е позитивно на лајшманиоза, тоа се еутанизира со хуман третман, а доколку наодот е негативен, женските кучиња се оставаат на третман четири дена по стерилизацијата, а машките се оставаат два дена по кастрацијата. Истите кучиња потоа се вакцинираат против беснило, се врши дехелминтизација, се обележуваат со ушни маркички и се чипираат. Откако ќе се изврши сето тоа, кучињата се транспортираат до местото на заловување и се пуштаат – вели доктор Иван Сарамандов, одговорно лице во прифатилиштето во Стојаково.

Според Сарамандов, четири од заловените кучиња биле веќе вдомени и додава дека „секое куче има пасош кој се наоѓа во одделението за инспекциски работи при општина Струмица и сите граѓани заинтересирани за вдомување на вакви кучиња можат да се пријават во ова одделение“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...