fbpx

Хрватските граѓани и бизниси искажуваат поддршка за Украина [фото]

-

Неколку десетици граѓани, повеќето родители со деца, во саботата на главниот загребски плоштад „Бан Јелачиќ“ одржаа антивоен протест, искажувајќи поддршка за борбата за слобода на Украина под мотото #StandWithUkraine.

На протестот, организаторите прочитаа соопштение за тековните случувања во Украина, истакнувајќи ги воените злосторства причинети од руските агресори и искажуваа загриженост за безбедноста на роднините, особено за оние кои се под опсада во пристанишниот украински град Мариупол.

Протест за поддршка на Украина во Загреб, 18.03.2022 г. Фото: Meta.mk.

Присутните вееја украински и хрватски знамиња и извикуваа слогани. Дел од паролите вклучуваа и фотографии, со кои ситуацијата во Донбас денес се споредуваше со последиците од опсадата и бомбардирањето на хрватскиот град Вуковар во 1990 година.

Протест за поддршка на Украина во Загреб, 18.03.2022 г. Фото: Meta.mk.

Освен Украинци, меѓу учесниците и учесничките на протестот беа и граѓани на Белорусија. Тие објаснуваа дека се подеднакво загрозени од диктаторот Александар Лукашенко, којшто има затворено до илјадници лица како негови неистомисленици. Меѓу нив, има луѓе коишто завршиле во затвор заради носење црвена маичка и бели патики (боите на државното знаме кое го промовира демократската опозиција). Тие се обраќаа до граѓаните на Хрватска, повикувајќи на борба против заедничкото зло „кое може да чукне и на нивната врата“.

Учесниците на протестот делеа летоци со кој минувачите ги поттикнуваат да ѝ помогнат на Украина, упатувајќи ги да се информираат преку фејсбук-страницата на Амбасадата на Украина во Република Хрватска, украинскиот Црвен крст и преку платформата www.stopputin.wtf, на која се достапни информации за слични акции низ целиот свет.

Протест за поддршка на Украина во Загреб, 18.03.2022 г. Фото: Meta.mk.
Протест за поддршка на Украина во Загреб, 18.03.2022 г. Фото: Meta.mk.

Изрази на поддршка за Украина се присутни и кај низа хрватски бизниси. По излозите низ центарот на Загреб често може да се видат симболи со боите на украинското знаме.

Продавниците за сувенири покрај хрватски продаваат и украински знамиња, а одредени продавници објавуваат дека донираат дел од профитот „за децата и семејствата погодени од војната во Украина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...