fbpx

Хрватски медиум „го банкротираше“ Месиќ, но по укажувањето на грешката, се поправи

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

„Фактограф“, хрватскиот сервис за проверка на ветувањата и изјавите на политичарите и функционерите, како и за оповргнување на дезинформациите ја проверил веста споделена на Фејсбук од хрватскиот портал „Priznajem.hr“, за „пропаст на деловното царство на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ“.

Новинарите на „Фактограф“ утврдиле дека станува збор за повторно споделување на вест што Priznajem.hr ја објавил првпат минатата година а овојпат само ја преобјавил, без да напомене дека станува збор за вест стара една година.

Сеедно, анализирајќи го текстот, сервисот „Фактограф“ констатирал дека во контраст со тврдењето во насловот, во текстот се споменува само неправосилна пресуда од 12 години затвор за Јерко Иванковиќ Лијановиќ во соседната земја Босна и Херцеговина“.

„Една година стариот текст не ги содржи сите релевантни информации за случајот. Во меѓувреме, на 8 ноември 2019 година е донесена правосилна пресуда со која Иванковиќ Лијановиќ е ослободен од вина. Иако во насловот се тврди дека пропаднало деловното царство на поранешниот хрватски претседател Месиќ, во самиот текст на порталот Priznajem.hr нема таква констатација. Врската помеѓу Месиќ и Иванковиќ Лијановиќ, Priznajem.hr ја гради на основа на две тврдења, од кои едното ео точно ,додека другото, во најдобар случај, е непотполно. Се наведува дека Лијановиќ бил финансиер на кампањата на Месиќ, што е точна и јавно достапна информација, но се пренесуваат и некогашните тврдења на порталот Tjedno.hr дека Лијановиќ му позајмил на Месиќ пари за купување на два стана во Загреб. Но овие тврдења Tjedno.hr ги објави на крајот на 2011 година. Точно е дека Месиќ тврдеше дека парите за купување на недвижностите ги позајмил од пријател и дека одбивале да открие за кој пријател се работи. Но, словенечкиот бизнисмен и лобис Божо Димник уште во 2012 година во интервју за „Вечерњи лист“ откри дека токму тој е тајниот кредитор на Месиќ. Не постојат никакви докази што би сугерирале дека Месиќ бил дел од сопственичката структура на деловните потфати на Јерко Иванковиќ Лијановиќ во Босна и Херцеговина“, пишува „Фактограф“.

Од сервисот за проверка на факти во дополнение на оваа проверка на вистинитоста велат дека откако првично го објавиле текстот што го пренесуваме, „Priznajem.hr“ го поправил оценуваниот текст, а потоа го информирале „Фактограф“ дека станувало збор за текст што во целост го презеле од „Dnevno.hr“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...