Хрватското министерство за надворешни и европски работи смета дека случувањата во Каталонија се внатрешно прашање на Шпанија.
Оттука, Хрватска се залага за демократско и мирно решавање на проблемот, во согласност со европските вредности.
Во соопштението на министерството, исто така, се наведува дека Хрватска не смета дека прогласувањето независност на Каталонија е во согласност со шпанскиот устав и верува дека најдобро решение е тоа кое се темели на дијалог, со полна почит кон владеење на правото и заштитата на правата на сите граѓани кои живеат во Каталонија.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека спорот помеѓу Мадрид и Каталонија треба да се реши во рамките на Уставот на Шпанија.