Хонгконшки суд осуди 45 активсти на затворски казни

Активистите биле кривично гонети за нивната улога во неофицијални прелиминарни избори за претставници во градскиот законодавен дом во 2020 година

-

Четириесет и пет поранешни пратеници и активисти денес беа осудени на четири до десет години затвор, во најголемиот случај за националната безбедност во Хонгконг, пренесува „Асошиејтед прес“.

Тие беа кривично гонети за нивните улоги на неофицијални прелиминарни избори за претставници во градскиот законодавен дом, кои беа одржани во 2020 година. Изборите беа кулминација на масовните про-демократски протести кои започнаа во Хонгконг во 2019 година, против законот од Пекинг кој ќе овозможел екстрадиција на хонгконшки граѓани во Кина.

Целта на изборите било да се одбере кандидат од про-демократските партии да биде претставник на движењето на официјалните избори за градскиот законодавен дом, за да се избегне поделба на про-демократските гласови.

Како последица на протестите и организираните избори, Кина во 2020 година го усвои Законот за национална безбедност, со кој ефективно се забрануваат секакви протести. Осудените активисти беа обвинети за прекршување на токму овој закон.

Судот во Хонг Конг осуди 45 од 47 обвинети за заговор и за организирање или учество на неофицијални избори за градскиот законодавен дом во 2020 година. Повеќето од обвинетите беа опозициски политичари. Другите обвинети беа бизнисмен, социјален работник и други продемократски активисти.

На неофицијалните прелиминарни избори одржани во јули 2020 година гласаа 610.000 граѓани, а се очекуваше победниците да продолжат на официјалните избори. Властите сепак ги одложија изборите поради пандемијата.

Најдолгата казна од десет години ја доби правниот академик Бени Таи, кој судиите рекоа дека е главниот чинител во конципирањето и организирањето на прелиминарните избори. Тие рекоа дека Таи во суштина сакал да предизвика револуција. Сепак, судиите изјавија дека казните биле скратени за обвинетите кои рекле дека не знаеле дека планот на Таи е незаконски.

„Се осмеливме да го соочиме режимот со прашањето: ‘Дали некогаш ќе биде можна демократијата во таква структура?’ Одговорот беше целосна репресија на сите фронтови во општеството“, напиша на социјални мрежи новинарката и активистка Гвинет Хо, на која ѝ беше пресудена затворска казна од седум години.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...