Холандски весник со остра критика за фасадата на македонската Влада

-

За да ја видите Белата куќа, не мора да одите преку oкеанот, доволно е да отпатувате во Скопје, главниот град на Македонија, пишува холандскиот весник „Де фолкскрант“ во своето издание од 2 јануари годинава, објави „Нова ТВ“.

Весникот констатира дека посетителите на Скопје не знаат дека изгледот на зградата е лажен и оти зад фасадата има модернистички објект кој потекнува од седумдесеттите години од минатиот век и кој бил изграден со многу челик и со стакло.

„Де фолкскрант“ потсетува дека новото руво на владата се совпаѓа со планот на конзервативната власт главниот град да го преуреди во класичен стил. Весникот пишува дека во центарот веќе се појавиле згради кои наликуваат на грчките храмови и на римските триумфални капии и оти на плоштадот никнала голема статуа на Александар Македонски.

„За разлика од Белата куќа во Вашингтон, македонската „бела куќа“ има фасада од гипс. Изгледа прашање на време е кога ќе почнат да се појавуваат пукнатини и повторно ќе се види грдата зграда оздола. Со македонската демократија, всушност, ништо не е поинаку. Гледано однадвор, на хартија има избори и државата ги овозможува сите слободи, меѓутоа ако фрлите еден поглед под фасадата, ќе видите Влада која е обвинувана за злоупотреба на моќта при секој чекор и која не ги почитува демократските правила“, пишува весникот.

„Де фолкскрант“ е утрински весник кој се продава во 250.000 примероци во Холандија, а формиран е пред речиси еден век, во 1919 година.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...