Игратa Hirogami од Bandai Namco Singapore излезе на трети септември и веќе поттикнува голем интерес и маркирана како една од најдобрите платформски игри на тема уметничкото јапонско виткање и сечење хартија-културна традиционална дисциплина позната како Оригами.

Во играта играте хуманоиден лик од хартија во свет каде сите други суштества се исто така од хартија. Протагонистот Hiro менува форми адаптирајќи се на разни проблематични ситуации низ нивоата. Платформерот не е сајдскролер целовремено и играта иако платформска менува и 3D и 2D перспектива. 

Древното правење оригами има доста еволуирано во модерно време и тоа ширум светот – не само во Jапонија. Древна вештина и уметност што сега захтева и специјална хартија и посебни лепаци и додатни алатки за виткање, сечење и преклопување како и знаења од геометрија, трпение и прецизност во деликатните изработки.

Секако случајно хартијата од антика се прави од дрва и растенија така што и преку играта се презентира позитивна еколошка порака, особено дека треба да се штеди на хартија во денешното живеење и да се третира како скапоцено нешто. Играта Hirogami ги дигитализира оригамите во едно друго разиграно светло што треба да предизвика искра на интерес општо за оригамите.

Приказната во играта не е којзнае што, но премисата е дека јунакот е на мисија да го спаси своето село од проширената корупција со цел да ги прочисти сите олтари. Нема некои посебни ликови што ќе се памтат, но акцијата во играта е интересна и нуди многу опции затоа што херојот има способност на менување форми со различни способности потребни да се поминат следните нивоа. 

На пример Хиро може од хуманиодна форма каде има оружје лепеза со која удира непријатели, да се одвитка и да се претвори во лист хартија што може да биде носен од насочен ветер или вртлози во сегменти од нивоата или да се слизне во процепи. Исто така и формата на авионче направено од хартија нуди прелетувања со обележани кругови во воздух низ кои треба да се центрира правецот за да се помине. 

Главните форми се жаба, горила и армадило. Формата на Армадилото може да се претвори во топка и да се тркала удирајќи непријатели и рушејќи препреки што стојат на патот. Формата на Жабата е специјализирана за повисоки скокови, но исто така има способност да испушта леплив проектил. Горилата може да се качува и ниша како Тарзан  на лијани и има способност да крши бариери. 

Покрај поттикнување на интересот за изработки на оригами во играта отклучувате и правите колекции од тајни предмети што содржат артистички цртежи и музички композиции кои лесно се наоѓаат ако истражите настрана од главните патеки во нивоата.

Ова е одличен фактор на тоа да се почитува ликовната уметност и музичката уметност како нешто што се повеќе добива и на монетарна вредност преку авторски права и иако играта е и за возрасни и за помладите, токму помладите се охрабрени да се бават со уметности.

Ваквите тајни отклучувања и колекции се нов фактор во гејмингот и надежта е дека ќе охрабрат и други игри да имплементираат колекции на уметнички дела. Во последниве години самите цени на музиката за игрите на Steam како додаток познати под називот Original Game Soundtrack се на продажба по не толку занемарливи цени. А со развојот на игрите во иднина сепак ќе се цени и способноста за вешто рачно цртање кај идни графички дизајнери на видеоигри.

Иако според критикувањата од фановите на играта Hirogami и недостига графички да биде исполирана и има багови со заглавување на ликот што ги крати можностите за довршување странични задачи и со тоа истовремено се оневозможува целосно комплетирање на играта и иако не е најавено, но можно е девелоперите да реагираат и да ги поправат тие проблеми во некој следен пач или ажурирање на играта.

Затоа што оваа игра зема замав на огромен интерес дека моментално се вброува меѓу најиграните игри на тема оригами, поради инвентивноста и квалитетот. А во последно време општо девелоперите во гејминг индустријата сè повеќе обрнуваат внимание на тоа што како фидбек го имаат од гејмерите и ги подобруваат игрите според тоа што го бараат играчите.

И најдобрата информација за крај – играта Hirogami има бесплатна демо верзија на Steam што можете да ја симнете и преиграте и ако ви се допадне играта е веќе достапна во редовна продажба и можете да ја купите. Но девелоперите си ја ценат работата и имаат ставено цена од 28.99 евра за целосната игра.