ХЕРА: На Позитивната листа на лекови и натаму нема ниту еден модерен контрацептив

-

Граѓаните најчесто имаат незаштитени сексуални односи, а на Позитивната листа на лекови и натаму нема ниту еден модерен контрацептив, заклучија говорниците на националната конференција „Контрацепција на позитивната листа! Зошто се‘ уште не сме спремни?“ што се одржа во организација на невладината организација ХЕРА.

„Во Македонија, само 14 % од жените кои се во врска или во брак користат контрацепција која проверено штити од непланирана бременост, а Владата од 2017 година упорно ветува дека ќе ја прошири Позитивната листа на лекови со барем еден модерен контрацептив 26 септември 2022 година. .Во периодот од 2011 до 2018 година се намалува користењето на модерната контрацепција кај нас, вклучително и на оралната контрацепција и на спиралата: во 2018 година, машки кондом користеле само 10 % од паровите“, се вели во соопштението на ХЕРА.

Од невладината додаваат дека ова се алармантни наоди и потенцираат дека иако во 2020 година беше изменет Законот за здравствено осигурување со што се олесни начинот на ревидирање на Позитивната листа на лекови, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство се‘ уште немаат оформено соодветна Комисија ниту донесено Правилник за Позитивната листа. Како последица на ова, истакнуваат од ХЕРА, граѓаните во Македонија плаќаат 42 % од вкупниот трошок за лекови и 100 % од вкупниот трошок за средствата за модерна контрацепција што се достапни во земјава.

Од невладината сметаат дека Владата и сите одговорни институции треба во најкус можен рок да пристапат кон, како што велат, остварување на бројните ветувања што ги имаат дадено како потписници на меѓународни документи, но и на задачите што самите си ги поставиле во рамки на националните стратегии.

„И покрај ваквите податоци, буџетот за програмите преку кои Владата обезбедува орална контрацепција, спирали или кондоми и тоа само за исклучително ограничен број жени од социјално ранливи категории и за жени со повторливи абортуси, се намалува. Па така, од 150 жени во 2018 година, во 2020 и 2021 година бројката паѓа на само 50 жени кои добиле бесплатни контрацептиви и тоа само преку здравствените установи на секундарно и терциерно ниво“, истакна Драгана Каровска Чемерска, програмска раководителка во ХЕРА.

Според проф. д-р Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство, бројни истражувања спроведени на глобално ниво потврдуваат дека пристапот до модерна контрацепција ги намалува мајчината смртност за 25 отсто, а
смртноста на новороденчиња за 20 отсто.

„Одредени методи на контрацепција ја намалуваат инциденцата на ХИВ и на сексуално преносливите инфекции, а соодветната информираност и употреба на контрацепција спречува непланирани бремености“, дополни таа.

М-р Ирина Луческа посочи дека Индексот за Македонија, со кој се изразува потребата за семејно планирање, задоволена со модерни методи во рамки на генералниот национален „Индекс на универзална здравствена покриеност“, е оценет со 25, при што во светски рамки полош индекс од ова имаат само Албанија, Јужен Судан, Сомалија и Чад. Овој поразителен факт може да се илустрира со податокот од Заводот за мајки и деца при Здравствениот дом – Скопје според кој во 2020 година бил преполовен бројот на совети за планирање на семејството во примарната здравствена заштита.

Дводневен саем за пракса и вработување на Машински факултет

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите...