Хелсиншки: Законот за минимална плата не гарантира дека работниците ќе ја добијат

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска изрази загриженост од измените на Законот за минимална плата бидејќи, иако таа е зголемена на 12.000 денари, сепак, во законот и понатаму остануваат одредбите за исполнување на нормиран учинок како услов за исплата на минималната плата.

Поради ова, велат од Хелсиншки, Законот не нуди гаранција дека работниците од сите сектори ќе ја остваруваат законски пропишаната минимална плата и остава простор за манипулации, притисоци и за злоупотреби од работодавците.

Оттаму бараат Законот за минимална плата итно да биде изменет и од него да бидат отстранети одредбите за нормиран учинок.

„Секторите каде што треба да се утврди нормираниот учинок и каде се наоѓа најголемиот процент на работници кои остваруваат минимална плата, како текстилната, кожарската, чевларската, рударската индустрија, се всушност сектори каде се јавуваат најголемите прекршувања на работничките права. Константниот мобинг, прекршувањето на работничките права во однос на работното време, користењето денови од одмор, работа за време на неработни денови и празници, неисплаќањето на додатоци на плата, исплата на плата на рака, враќање на дел од платата на работниците, потпишување бланко-документи од страна на работниците, работа во лоши хигиенско-санитарни и безбедносни услови, неефикасноста на инспекцискиот надзор се само дел од проблемите со кои се соочуваат работниците во овие сектори“, стои во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Оттаму посочуваат дека законските измени не утврдуваат прецизни одредби што значи „соработката на работодавецот со работниците“ при утврдувањето на нормираниот учинок. Како дополнително загрижувачки ги истакнуваат тврдењата на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство дека текстот на измените на законот кој бил усогласен на јавна расправа и потврден на Економско-социјалниот совет на 18 јули годинава од страна на трите социјални партнери, воопшто не содржел одредби со кои се предвидува и се дефинира нормираниот учинок.

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....