fbpx

Хелсиншки: Власта не се справува соодветно со мигрантската криза

-

Власта не реагираа соодветно за да се справи со бегалската криза, применува сила врз мигрантите, а на хуманитарните активисти не им дозволува да влезат во меѓузоната за да им помогнат на мигрантите, сметаат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Од таму велат дека прогласувањето на кризна состојба во државата мора да се донесе со проценка на Центарот за управување со кризи и со формaлно известување на Собранието, што според нив не се случило.

– Според Законот за управување со кризи, владата е должна веднаш да го извести Собранието за прогласување на кризна состојба. Притоа кога се прогласува кризна состојба, тогаш проценката ја врши Центарот за управување со кризи. А од ЦУК не слушнавме кои биле причините поради кои што тие дошле до таква проценка. Уште повеќе загрижува дека ни од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како врховен командант на вооружените сили, не слушнавме произнесување дека дал согласност. Од видеото видовме дека бил употребен и солзавец, шок бомби и гумени куршуми. Го повикуваме министерот за внатрешни работи Чавков да се произнесе кој ја дал наредбата да се применат овие нехумани мерки на присилба. Исто така не е направено координативно тело составено од министерствата за внатрешни работи, труд и социјлна политика и за здравство, а нема ни мобилни амбулантни возила. Освен што беше изменет законот, ништо друго не е преземено да им се пружи неопходната помош на бегалците – вели Уранија Пировска.

Мерсиха Смаиловиќ, од невладината организација „Легис“ вели дека во меѓуграничната зона условите се нехумани и апелираат да им биде дозволено на нивните активисти да влезат таму за да можат да достават пакети со помош намената за бегалците.

– Луѓето кои што ја донеле оваа мерка никогаш не дошле на терен во Гевгелија и не виделе како е таму за да го одлучат тоа. Ние сме биле во меѓузоната и таму нема вода, храна, хигиенски услови, нема сенки. Тоа е како логор контролиран од полицијата. Единствената позитивна страна во оваа криза е солидарноста на македонските граѓани со мигрантите. Повикуваме за доставување донации во Хелсиншки комитет и во магацинот на „Легис“ во Чаир. Крајно е нехумано да не се пуштаат активисти со хуманитарна помош – вели Смаиловиќ.

Според Смаиловиќ моментално во меѓуграничниот премин се наоѓаат помеѓу 4.000 и 5.000 мигранти, податоци кои ги добиле од грчките активисти, а вчера само на 100 мигранти им било дозволено да ја преминат границата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...