fbpx

Хелсиншки: Неприфатливо е да се шири омраза на јавни места и настани

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до сите политички, спортски и други општествени чинители да се придружат во осудата на говорот на омраза и тоа да го сторат не само заради политичкиот момент, туку и за да се испрати јасна порака дека е неприфатливо ширењето омраза на јавни места и настани, наведено е во соопштението на Хелсиншки, како реакција на извиците и пораките кои ги разменија навивачите на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

Оттаму потенцираат на перцепцијата дека спортските настани се соодветно место за „вентилирање“ на омраза и нетрпеливост и дека тоа мора да се промени, исто како кое било однесување кое придонесува за создавање нетолерантна и вжештена и атмосфера во општеството.

„Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза“, наведуваат во Хелсиншки.

Оттаму додаваат дека за жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците.

„Но, со оглед на популарноста на спортските настани, загрижувачки е што таму изнесените пораки полни со омраза добиваат поголема видливост, вклучително и на традиционалните медиуми, а со тоа се зголемуваат и негативните ефекти од ваквиот говор. Токму такви последици имаат извиците и пораките од навивачите на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.  Хелсиншкиот комитет за човекови права во континуитет го осудува говорот на омраза и предупредува дека тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи. Разорните ефекти од јавно манифестираната омраза значат понатамошно продлабочување на поделбите и намалување на просторот за рационален и толерантен дијалог во рамки на општеството и во меѓусоседските релации“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...