Хелсиншки: Нејасна е целта на полицискиот час, ако парковите и игралиштата се преполни преку ден

-

За Хелсиншкиот комитет за човекови права е нејасна целта на радикалната забрана за движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден и насловувањето на оваа мерка како „полициски час“, доколку во текот на денот парковите, игралиштата и другите јавни површини остануваат главни собиралишта на големи групи луѓе.

„Можноста за ширење на вирусот е еднакво голема во секој дел од денот и затоа е клучно рестрикциите што се преземаат да бидат добро осмислени како би можеле да гарантираат заштита на јавното здравје и брзо надминување на здравствената криза“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Поттикнати од дел од предлозите што овие денови се доставуваат до Владата, а кои претставуваат сериозно и несразмерно нарушување на човековите слободи и права, Хелсиншкиот комитет апелира да се постапува со должно внимание при усвојување и преземање на мерките.

„Предлозите за задолжително јавно именување на лицата кои се во самоизолација и за објавување на реоните од Скопје во кои се лоцирани случаи, се непропорционално инвазивни и целосно ја одземаат приватноста на засегнатите лица притоа создавајќи стигма кон потенцијално заболените лица“, укажуваат од Хелсиншкиот комитет.

Тие нагласуваат дека концептот за итност е заснован на идејата за ненадејна и неочекувана појава, како моменталната ситуација со КОВИД-19, чии ефекти водат до преземање на невообичаени правни и политички одговори. Токму затоа, реакцијата треба да биде ефикасна и мерките кои се преземаат мора соодветно да бидат таргетирани за да ги дадат посакуваните резултати. Тоа е во целосна спротивност со преполните автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и работата во фабриките каде во една смена и мал простор, работни обврски извршуваат по неколку стотици луѓе.

„Мерките треба да бидат преземени строго во согласност со барањата што ги наложува ситуацијата. Согласно домашните и меѓународните стандарди, ограничувањето на правата и слободите во никој случај не смее да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба“, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Пример за тоа како не треба да се постапува, велат тие, е последната реакција на Министерството за внатрешни работи, кое на социјалната мрежа „Инстаграм“ се заканува дека ќе казнува за секој негативен коментар и порака. Ваквото грубо ограничување на слободата на изразување е целосно несоодветно со сегашната состојба и е непропорционално во однос на целта која треба да се постигне, која во оваа објава не е ниту јасно определена.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...