fbpx

Хелсиншки комитет: За две недели прекршени им се правата на 363 работници

-

До Хелсиншкиот комитет, во периодот од 1 до 14 април, пријавени се 56 случаи за прекршување на правата кои опфаќаат вкупно 363 работници.

За време на корона кризата, најголем дел од прекршувањата (16) се однесуваат на принудно спогодбено раскинување на договорот за вработување, со кои се засегнати 264 работници.

По 9 пријави има за отпуштања од работа и намалување или неисплатена плата.

Осум пријави се поврзани со информации за спроведувањето на мерките донесени од Владата, пто вклучуваат паричен надоместок за лицата кои останале без работа поради кризата; надоместоци за лицата кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија и ослободуање на работа на еден родител на дете до десетгодишна возраст.

Седум пријави се за прекршување на мерките на Владата, четири се за принудно користење на годишниот одмор и/или неплатено отсуство, три се други прекршувања и две пријави се однесуваат на непродолжување на договори на определено време.

Во однос на родовата распределба, правата им се прекршени на 62,5% работнички,  наспроти 37,5% работници.

Од Хелсиншкиот комитет советуват граѓаните да не се потпишуваат спогодби, односно да поднесат приговор на одлуката за отказ поради деловни причини, како и да ги користат заштитните механизми, првенствено Државниот инспекторат за труд.

Минатиот месец во периодот од 10 до 31 март, до Комитетот беа поднесени 60 пријави за прекршување на правата кои опфаќаа вкупно 1.554 работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...