Во Хелсиншкиот комитет, во периодот од 10 до 31 март, поднесени се 60 пријави за прекршување на правата кои опфаќаат вкупно 1.554 работници. Најголем дел од прекршувањата (17) се однесуваат на отказ од деловни причини, а засегнати биле вкупно 375 работници. За принудно спогодбено раскинување на договорот за вработување има 15, а за прекршување на препораките на Министерството за здравство има 8 пријави.

Во врска со непродолжување на договори на определено време поднесени се 7 пријави. Четири пријави се однесуваат на принудно користење на годишниот одмор и/или неплатено отсуство, додека пак за непродолжување на договори на определено време на бремени работнички има три пријави.
До Хелсиншкиот комитет поднесени се и две пријави за намалување на плата и една пријава за неисплатена плата.

Оттаму советуват граѓаните да не се потпишуваат спогодби, односно да поднесат приговор на одлуката за отказ поради деловни причини, како и да ги користат заштитните механизми, првенствено Државниот инспекторат за труд.