fbpx

Хелсиншки комитет и Аваја бараат МВР да го реши последниот случај со полициска бруталност врз Роми во Битола

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со Македонското здружение на млади правници, преку заеднички проект ангажираа адвокат за последниот случај за кој вчера извести ромската организација АВАЈА, а е поврзан со индикации за полициска бруталност, но и со елементи на реваншизам од страна на полициските службеници. Според АВАЈА, овојпат полицијата употребила прекумерна сила врз повозрасна Ромка и нејзиниот син.

Аваја ја известува целата јавност дека денес во Битола повторно имаме случај на полициска бруталност, и тоа врз…

Gepostet von AVAJA am Dienstag, 20. Oktober 2020

„Синот на жената бил излезен на пауза од работа за да јаде и не носел маска во моментот поради тоа што јадел, но полицаецот му пристапил за да го легитимира заради тоа што не носел маска на отворено и да го казни (иако мерките сè уште не се усвоени). Личната карта не била со него, па поради тоа неговата мајка рекла на полицаецот да ја земе нејзината лична карта. Полицаецот викнал засилување и синот бил приведен заедно со мајката бидејќи таа не сакала да го остави нејзиниот син сам. Откако се качиле во полициското комбе синот и жената биле насилно тепани! Додека биле тепани полицаецот им викал “ѓуптини ајде сега снимајте, не ми можете ништо”!“ соопштија од Аваја.

Како што велат од таму, нејзиниот сопруг во текот на денот се обидел 3 пати да го пријави случајот во полициска станица, но немало кој да го прими.

„Со оглед на загрижувачките индиции, бараме Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети и доколку има основ, против истите да биде поведена кривична постапка. Исто така, го повикуваме МВР да ги преземе сите превентивни мерки за спречување на непрофесионалниот однос, расното профилирање, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани, што очигледно е честа практика на полицијата“ потенцираат од Хелсиншки комитет.

Од комитетот информираат дека жената и нејзиниот син не се задржани во притвор и во моментов се чувствуваат добро, но полицијата сè уште одбива да прими пријава.

Само пред неколку недели имаше случај со претепани Роми од страна на полициски службеници во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...