Мониторинг за говор на омраза / Фото: Хелсиншки комитет за човекови права

Во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, евидентирани се 298 пријави по различни категории за говор на омраза до веб-платформата govornaomraza.mk, покажува мониторингот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, спроведен со фокус на три пилот општини: Штип, Битола и Тетово.

„Забележителен е порастот на пријави споредено со 2019 година. По прогласувањето на вонредната состојба, фокусот од парламентарните избори, кои беа најавени за април, се префрли на следењето на говорот на омраза врз основа на нова заштитна категорија – здравствената состојба“ информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Најголем дел од пријавите, 36 проценти се за говор на омраза поради етничка припадност, 24 проценти се поради политичка припадност, а 20 проценти поради сексуална ориентација и родов идентитет.

Извештајот од мониторингот може да се погледне на овој линк.