fbpx

Хелсиншки комитет: Дискриминацијата во 2017 година најзастапена во образованието

-

Во текот на 2017 година, се регистрирани 82 случаи на дискриминација по основа на пол и род, попреченост, етничка припадност, политичка припадност, сексуална ориентација, здравствена состојба и религија, посочува Годишниот информатор за дискриминација за 2017 година, изработен од Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Од вкупниот број случаи, регистрирани од здруженијата на граѓани, како и од информациите од јавен карактер добиени од првостепените судови и од Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, дури 23 отпаѓаа на образованието, а 19 на сферата на работните односи. Девет случаи се однесуваат на пристап до добра и услуги, 8 во здравството, 3 во врска со медиумите, 1 во врска со избирачките права и 19 случаи на дискриминација во други области.

Најчеста е дискриминацијата врз основа на попреченоста на лицето, односно 16% од случаите, потоа 14% врз основа на сексуалната ориентација, 12% поради етничката припадност, 10% врз основа на религијата, 6% поради политичката припадност и 3% од случаите се однесуваат на корисници на дроги, додека на други основи отпаѓаат 19%.

Забележано е зголемување на бројот на позитивни судски одлуки за заштита од дискриминација, особено на подрачјето на Основен суд Битола, Основен суд Скопје, Основен суд Прилеп и Основен суд Берово.

За подобрување на состојби, Хелсиншкиот комитет препорачува државните институции и функционери повеќе да се вклучат во кревање на свесноста за дискриминацијата, подобрување на Комисијата за заштита од дискриминација, како и подобрување на пристапот до судовите за дискриминарите поединци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...