fbpx

Хелсиншки бара да се казни поттикнувањето на насилство и ширењето меѓуетничка омраза

-

По повод вчерашната прослава на победата на ракометниот клуб „Вардар” до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми, информираат од таму.

„Исто така, забележан е говор на омраза и во другите градови во државата. Сите пријави се уредно регистрирани од страна на Комитетот, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институтции. Најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност. Така на пример, на градскиот плоштад беше скандирано „Нека разберат клетите шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора” и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет најстрого го осудува поттикнувањето на насилство и предивикувањето на меѓуетничка омраза.

„Ги охрабруваме сите граѓани кои во текот на вчерашниот ден беа сведоци и/или жртви на говор и/или дела од омраза да го пријават својот случај во Хелсиншкиот комитет и на www.govornaomraza.mk. Упатуваме посебен апел до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да ги истражат овие случаи и да ги преземат сите мерки согласно позитивните законски прописи“, се додава во соопштението.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
free download udemy paid course
download samsung firmware
Download Nulled WordPress Themes
online free course