Хеликоптерот „Досетливост“ на НАСА забележал остатоци од чудни туѓи објекти на Марс

фото: NASA/JPL-Caltech

Снимка од навигациската камера на хеликоптерот „Досетливост“ (Ingenuity) на НАСА на Марс откри мало парче таканаречени „остатоци од туѓ предмет“, пишува „Сајтек Дејли“.

Остатоците од непознатиот предмет се гледаат на снимките од триесет и третиот лет на хеликоптерот и не биле заебележани на ниту еден претходен лет.

Хеликоптерот „Досетливост“ ја добил оваа слика користејќи ја својата навигациска камера. Оваа камера е поставена на трупот на хеликоптерот и е насочена директно надолу за да ја следи површината на земјата за време на летот. Снимката е добиена за време на летот од 24 септември годинава и на истата се гледа мало парче од туѓ предмет, кој е прикачен на еден од краците за слетување на хеликоптерот, по што се оддалечува.

снимка: NASA/JPL-Caltech

Инаку, хеликоптерот пристигна на Марс на 18 февруари минатата година, како дел од роверот „Истрајност“.

Најважните прашања за најамбициозната мисија на Марс досега