Едно лице загина, а пет се повредени откако хеликоптер падна на куќа во Сочи, соопшти денеска началник на итната служба на регионот.

– Хеликоптер „ас-50“ падна на покрив на куќа во улицата Цимљанска. Според првичните информации, повредени се пет лица, а едно загина – рече извор во службата за вонредни состојби.

Тој рече дека хеликоптерот е делумно оштетен, нема пожар, но се излеало гориво.

Како што јавуваат руските медиуми, можно е несреќата да ја предизвикал силниот ветер кој го погодил Сочи.

Истрагата за несреќата е во тек.