Хегсет: Прецизните удари на САД врз иранските нуклеарки беа „совршен успех“

Ноќната мисија против Фордо, Натанз и Исфахан „целосно ја разори“ програмата без намера за промена на режимот

Фото: Senator Banks's Press Office, Public domain, via Wikimedia Commons

Соединетите Американски Држави во текот на ноќта изведоа операција против трите стратешки ирански нуклеарни комплекси – Фордо, Натанз и Исфахан. Во Пентагон, генералниот секретар за одбрана Пит Хегсет и генералот Дан Каин, ја оценија мисијата како апсолутен успех што „целосно ја онеспособи иранската нуклеарна програма“, нагласувајќи дека акцијата не била насочена кон промена на режимот, туку кон елиминирање на непосредните закани по националните интереси на САД и безбедноста на нејзиниот сојузник, Израел.

„Трамп беше целосно посветен на мировниот процес, сакаше исход преку преговори, му даде на Иран можност и за жал наиде на одложување, по што им даде доволно време да седат на преговарачка маса и да се откажат од збогатувањето, да се откажат од нуклеарната програма“, изјави Хегсет.

Тој дополни дека Вашингтон ќе одговори доколку Иран се обиде да возврати, а генерал Каин оцени дека нападот се реализирал без ниту еден обид за иранска одбрана, пишува Гардијан.

„Оваа мисија беше комплексна и високо ризична, но беше изведена со исклучителна прецизност и дисциплина од нашите сили“, рече Каин, нагласувајќи дека безбедноста на американските војници и цивили останува приоритет.

Генералот Ден Кејн, највисокиот воен функционер на САД, ги пофали нивоата на тајност и „оперативната безбедност“ во врска со нападот.

Кејн рече дека е горд на „дисциплината“ на оние вклучени во планирањето на операцијата „Полноќен чекан“.