Харвард ја тужи администрацијата на Трамп

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на федералното финансирање на Харвард од девет милијарди американски долари, а потоа му даде на универзитетот широк список на барања, вклучително и забрана за носење маски и прекинување на сите програми за различност, еднаквост и инклузивност

-

Универзитетот Харвард поднесе тужба против администрацијата на Трамп тврдејќи дека замрзнување на федералните грантови во вредност од милијарди долари е незаконско, пишуба Би-би-си. 

„Овој случај вклучува напори на владата да го искористи лишувањето на федералното финансирање како лост за да ја преземе контролата врз академското донесување одлуки на Харвард“, се наведува во тужбата.

Харвард тврди дека постапките на администрацијата на Трамп биле произволни и нелегални и дека тие ги прекршиле правата на Универзитетот на слобода на говор од Првиот амандман.

„Во текот на минатата недела, федералната влада презеде неколку активности откако Харвард одби да ги исполни нелегалните барања. Поднесовме тужба за да го спречиме замрзнувањето на финансирањето затоа што е нелегално и над надлежноста на владата“, изјави претседателот на Харвард, Алан Гарбер.

Како одговор на тужбата, Белата куќа соопшти дека „возот на федералната помош“ запира.

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на федералното финансирање на Харвард од девет милијарди американски долари, а потоа му даде на универзитетот широк список на барања, вклучително и забрана за носење маски и прекинување на сите програми за различност, еднаквост и инклузивност.

Потоа администрацијата на Трамп замрзна 2,3 милијарди американски долари за финансирање на Харвард и се закани дека ќе го забрани уписот на странски студенти.

Во тужбата на Универзитетот се наведува дека запирањето на федералното финансирање ги прекршува уставните права на Харвард и се користи како „потпора за да се добие контрола врз академското одлучување на Харвард“.

Поранешниот американски претседател Барак Обама, поранешен стипендист на Харвард, рече дека го поддржува универзитетот, нарекувајќи го замрзнувањето на средствата незаконско.

ИзворBBc

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе продолжат, неколку...

Салмонела пронајдена во мострите од храна од која се затруле 38 лица во Прилеп

Во текот на месец јуни, до Институтот за јавно здравје е пристигната пријава за епидемија на алиментарна токсоинфекција предизвикана од Salmonella enteritidis, пишува во новиот месечен билтен за заразни заболувања кој...

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе...