fbpx

Хан: Србија треба да продолжи со реформите

-

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, денеска во Белград изјави дека отворањето на првите поглавја од преговорите на Србија и на ЕУ е „почеток на суштински дела од процесот на пристапување кон ЕУ“, кој за Србија станува остварлива цел.

Во обраќањето пред пратениците на српското собрание, Хан изјави дека Србија остварила голем успех на патот кон ЕУ, особено во спроведување на реформите, дилајолот со Косово и во соработката со соседите во регионот.

Хан изјави дека „14 декември е почеток на процесот“ и дека „сега е потребно да се потврдуваат преземените обврски и да се продолжи со реформите“, особено во областа на правосудството, борбата против корупцијата, слободата на изразување, која за ЕУ е неприкосновена.

Хан додаде дека напредокот во нормализацијата на односите со Косово е клучен за напредокот на Србија во процесот на евроинтеграции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...