fbpx

Хан: Нема време за губење, Иванов итно да ја преиспита својата одлука

-

Уште во наредните неколку дена бараме да видиме сериозно и одговорно државништво од страна на релевантните институции што треба да овозможат брзо формирање на нова и цврста коалиција, бидејќи тоа е единствениот пат за враќање на земјата на патот кон Европската Унија, што граѓаните на земјата го сакаат и го заслужуваат.

Ова стои во заклучокот на заедничката изјава на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, по денешните средби со лидерите на парламентарните политички партии.

Тие во изјавата наведуваат дека на средбите многу јасно нагласиле дека сите лидери во земјата, вклучувајќи го и претседателот, мора да ги почитуваат резултатите од неодамнешните избори и дека „во демократија, секој мора да ги прифати парламентарните мнозинства“.

– Затоа го охрабруваме претседателот итно да ја преиспита својата одлука. Нема време за губење. Очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократските процеси да течат по својот пат, во интерес на граѓаните на земјата. Одложувањата изминатите месеци веќе предизвикаа штети врз економијата на земјата. Затоа повикуваме на брзо формирање на новата влада која ќе биде посветена на имплементирање на заостанатите реформи. Од партиите и од новата влада се очекува да продолжат со имплементирање на сите делови од Договорот од Пржино – стои во изјавата.

Хан и европратениците особено повикуваат на воздржаност од какви било акции и изјави кои можат да поттикнат меѓуетнички тензии или да ги поткопаат добрите меѓусоседски односи. Тие нагласуваат дека негативната реторика против меѓународната заедница и невладините организации е контрапродуктивна и го поткопува меѓународниот углед на земјата.

– Никој не треба да биде во искушение да си игра со оган. Длабоко сме загрижени поради тензиите и говорот на омраза. Слободата на собир и слободата на говор се фундаментални права во демократските општества, но тие носат и одговорности. Негативната реторика насочена кон меѓународната заедница и граѓанските организации е целосно контрапродуктивна. Таа го поткопува меѓународниот углед на земјата и кредибилитетот на тие што ја користат – порачаа еврокомесарот и тројцата европратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...