fbpx

Хан му се јави на Заев: Лидерите да го почитуваат договореното од 2 јуни

-

Еврокомесарот за меѓусоседска политика и проширување, Јоханес Хан, попладнево телефонски разговарал со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, „за да појасни едно од прашањата поврзани со меѓупартискиот дијалог, во кој олеснувач е Европската унија, во насока на договорот постигнат во Скопје на 2 јуни“, се наведува во изјавата ЕК, обајвена на нејзината официјална интернет-страница.

Телефонскиот разговор меѓу Хан и Заев уследи откако лидерот на опозицијата денеска на прес-конфенеција објави дека нема да учествува на разговорите закажани за 10 јуни во Брисел.

„Комесарот потврди дека целосно и недвосмислено ги поддржува оценките на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и за параламентарните избори во 2014 година. Тој ги повтори заклучоците на ОДИХР дека изборите биле ефикасно спроведени, но и дека имало голем број сериозни забелешки, особено во неадекватната поделба меѓу партиските и државните активности, обвинувања за заплашување на гласачите и за пристрасност на медиумите во корист на владејачките партии.
Европската комисија, исто така, редовно изразува загриженост во врска со точноста на избирачките списоци. Сите овие прашања треба да бидат итно решени, во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и со препораките на Венецијанската комисија, се наведува во соопштението на неформалната влада на ЕУ. Европската комисија неколкупати ја повтори потребата да се испитаат сите потенцијални злоупотреби што произлегуваат од прислушувањето, вклучувајќи ги и оние поврзани со изборна измама. Комесарот ги повикува сите партиски лидери да ги почитуваат обврските преземени на 2 јуни за надминување на актуелната криза и да ги продолжат разговорите за да се најде брз и траен договор, со кој мора да се реши легитимната загриженост во врска со владеењето на правото и да се врати довербата на јавноста во институциите на државата. Ова е во интерес на сите граѓани на земјата“, стои во изјавата на ЕК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...