fbpx

Хан му порачал на Мицкоски дека не е време за играње политички игри

-

Изминатите неколку недели Скопје стана најпопуларната дестинација за политичарите од целиот свет. Ова е доказ дека многу се цени Договорот што го постигнавте со Грција. Во светот има многу конфликти, а ова е редок пример на решавање на таков конфликт, рече еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

-Референдумот е можност што се јавува еднаш во животот. Одлуката што ќе ја донесете на 30 септември ќе има далекусежно влијание дури и за оние кои сѐ уште не се родени. За жал сѐ уште морам да ја користам кратенката ПЈРМ – Поранешна Југословенска Република Македонија, иако воопшто не ми се допаѓа. Вие, граѓаните ќе одлучите дали во иднина ќе ви се обраќам со Република Северна Македонија– рече Хан.

Еврокомесарот оствари средба и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на кого му пренел порака референдумот да не се претвори во политички настан.

– Важно е да се мотивираат сите да учествуваат во референдумот и да го остварат своето демократско право. Постојат лични чувства, но најважното нешто е да се учествува. Преку тоа, да се покаже колку е важна одлуката. Сакам колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на референдумот, бидејќи тоа е порака до ЕУ. Мојата порака до Мицкоски и кон премиерот е дека станува збор за референдум за иднината на земјата. Целата ситуација не смее да се претвори во нешто кое е политични настан. Мислам дека политичките партии треба да се воздржат од партиски потреби и цели. Не е време да се играат политички игри – додаде Хан.

Премиерот Заев потенцираше дека најважниот чекор во преговорите со ЕУ ќе го направат граѓаните на 30 септември.

-Секоја средба со лидерите на ЕУ во оваа фаза на нашиот пат е огромна придобивка. На 27 септември ќе го започнеме скринингот за вовед во преговорите, а во јуни 2019 ќе стартуваме со преговорите за членство во ЕУ. Веќе правиме многу реформи, но ова ќе придонесе на тој пат да чекориме побргу. Денешната посета на големиот пријател на Македонија, ја потврдува поддршката на ЕУ за Македонија – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...