fbpx

Хан ќе ги „крши“ лидерите прво на само, а потоа и групно

-

Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), денеска во зградата „Берлемонт“ на Европската комисија во Брисел ќе ги продолжат преговорите за решавање на политичката криза во земјава.

Домаќин на средбата е еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Неофицијално се дознава дека подоцна на преговорите ќе се приклучат и евроамбасадорот во Скопје, Аиво Орав, како и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Разговорите почнуваат со одвоена средба на Хан и на Заев во траење од 45 минути, која ќе почне во 11 часот, а околу 12.20 часот еврокомесарот ќе се сретне со Груевски.

Во делегацијата на Заев се и Рената Дескоска-Треневска и Радмила Шекеринска, а со премиерот Груевски се Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров.

Околу 13 часот се очекува политичките лидери заедно со Хан, европратеникот Иво Вајгл и со амбасадорите Орав и Бејли да седнат на заедничка маса и да ги решаваат крупните прашања околу политичката криза.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...