Хан: Изборите се важни, но тие се само почеток во решавањето на кризата

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска по средбите со претставниците на граѓанскиот сектор, Специјалното јавно обвинителство и со лидерите на четирите политички партии, оцени дека има напредок, како во атмосферата што владее меѓу соговорниците, така и во прочистувањето на избирачкиот список и во функционирањето на медиумите и на ад-хок телото за надзор на медиумите.

Тој истакна дека изборите се многу важни и се камен-темелник за евроинтеграциите на земјата. Сепак, рече дека мора да се спроведат реформските приоритети и забелешките од извештајот на Прибе.

– Важно е изборите да се спроведат добро, за потоа никој да не може да ги критикува. Изборите ќе бидат надгледувани од бројни меѓународни организации. Не треба само посветеност кон реформите, туку треба и да се дадат датуми за нивна имплементација и за спроведување или неспроведување – рече Хан, додавајќи дека двегодишната политичка криза лошо влијаела врз земјата и оти тоа има последици.

Еврокомесарот рече дека разговорите со лидерите биле конструктивни и оти е многу важно како политичарите ќе се однесуваат и какко ќе дејствуваат.

–  Важно е да не се поттикнуваат меѓуетнички тензии, особено по изборите и да постои соработка, не само во владата, туку и во парламентот, каде што треба да се водат дебатите –изјави Хан.

Тој, исто така, ги повика младите да го искористат своето право на глас и да одлучат за својата иднина, да не остават да им се случи тоа што им се случи на младите Британци со референдумот за Брексит.

Во однос на СЈО, Хан рече дека добил уверување од сите политички партии дека ќе ја поддржат неговата работа.

– Секој дел од судскиот систем треба да работи независно. Добив уверување за работата на СЈО, но сега треба да се видат резултатите од неговата работа и, исто така, треба да не се злоупотребува СЈО. Оваа институција треба да биде независна – порача Хан.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...