fbpx

Хан: Ги цениме напорите новата влада да допре до Грција и до Бугарија

-

Важно е да се пронајде согласно решение за спорот околу името и патот кој што ќе води напред и ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води во Обединетите нации и да ги олесни контактите ако е тоа потребно, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Еврокомесарот Хан во интервју за „Јуропеан вестерн балканс“ (European Western Balkans) во пресрет на самитот на лидерите на Западен Балкан, кој следната недела ќе се одржи во Трст, вели дека новата влада мора да се фокусира на реформските приоритети.

– Испраќам група експерти за владеење на правото во Скопје за да го следат развојот на случувањата кои се однесуваат на препораката на државата од 2015 година и за да ја советуваат новата влада по системските прашања за владеење на правото. Првата посета се случи на 27 јуни, кога лидерот на тимот, Рајнхард Прибе, го посети Скопје. По неговата посета целиот тим ќе биде во Скопје од 17 до 21 јули – вели Хан.

Еврокомесарот во интервјуто вели дека ги ценат напорите на македонскиот премиер и на владата да допрат до нивните колеги во Грција и во Бугарија.

– Важно е да се пронајде заедничко решение за спорот околу името и патот кој ќе води напред. ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води во Обединети нации и да ги олесни контактите ако е потребно. Сега новата влада, заедно со опозицијата, мора да се фокусира на примена на реформските приоритети и на Договорот од Пржино, за да се врати земјата на нејзиниот евроатлански пат – додава Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...