fbpx

Хакерски напад на веб-страницата на српски „Истиномер“, редакцијата поднесе кривична пријава

-

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Истиномер“ поднесе кривична пријава против непознати лица поради ДДОС нападот што бил извршен вчера на веб-страницата. Пријавата е поднесена во Одделението за високотехнолошки криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија.

Нападот почнал нешто по 16 часот а сајтот бил соборен поради оптоварувањето со 30,5 милиони барања за отворање (на час). Сообраќајот, односно ДДОС нападот бил генериран од ИП адреси од Бразил, Индонезија, Тајланд, Русија, Индија.

Нападот уследи неполна седница откако беше хакирана онлајн-анкетата на „Истиномер“ за лагата на деценијата. Анкетата беше планирана како еден од главните настани за одбележувањето на 10-годишнината на српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите, но редакцијата реши да ја поништи анкетата откако вештачки кога околу 10.000 гласови дотогаш, беа „претворени“ во 350.000 гласови, со што се драстично променети дотогашните резултати.

„Во текот на десет години работа, „Истиномер“ никогаш не доживеал хакерски напади од ниту приближно толкав интензитет. Нападот на „Истиномер“ е флагрантен пример на обид за гушење на медиумските слободи и оневозможување на првиот медиум за проверка на факти во регионот да известува за тоа кој се служи со невистини, злоупотреба на фактите и неодговорните ветувања“, пишува српскиот сервис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...