fbpx

Хакери посегнаа по сметките на македонски клиенти

-

Повеќе корисници на услугите на филијала на банка во Штип во текот на ноќта и рано изутрината добиле известување дека имаат неуспешен обид за трансакција од нивната сметка. Еден од нив е 40-годишен штипјанец, кому изутрината по три часот, му стигнала СМС-порака дека има неуспешна трансакција за подигнување на 10.600 денари.

Трагата, како што дознаваме, водела до Кипарските Острови, од каде веројатно бил хакерскиот обид. До оштетените клиенти на банката стигнало известување дека ќе добијат нова електронска картичка.

Од банката денеска не сакаа да коментираат, но ова, според некои од корисниците, не е единствениот пример кога се случувале чудни трансакции со нивните сметки. Клиент на банката, бизнисмен, неодамна сведочеше дека кога сакал да трансферира близу 15.000 денари од сметка на сметка, му стигнало известување дека нема толку пари на сметката, иако имал пет пати повеќе. Веднаш реагирал кај банката, каде го информирале дека проблемот ќе го средат во текот на денот. Дури утредента можел непречено да работи со сметката.

Се работи за две угледни банки со странски капитал.

Последниот случај од рано изутрината, според информатичарите, веројатно се должи на неук хакер, кој, за среќа, не успеал до крај да ја реализира намерата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...