Хајл: На вештачката интелигенција ќе мора да се прилагодат милиони луѓе

Според неодамнешното истражување на здружението за дигитализација Битком, повеќе од две петтини од Германците сметаат дека се под притисок од барањето да се прилагодат на новата технологија

Фото: Julian Stratenschulte/dpa

Роботите и ботовите преземаат сè повеќе работни места. Дали тоа води до спасување на луѓето од стрес и од напор или до масовни намалувања на работни места. Германскиот министер за труд Хубертус Хајл проценува дека вештачката интелигенција ќе принуди милиони луѓе да се прилагодат, пренесува германската агенција дпа.

На пример, вештачката интелигенција може да ја автоматизира тешката работа во трговијата, банкарството или осигурувањето, рече Хајл во Тибинген.

„Тогаш зборуваме за преориентација на бизнисот“, додаде тој.

Човечкиот труд секако останува во индустријата, продолжи министерот, но под различни околности.

Според неодамнешното истражување на здружението за дигитализација Битком, повеќе од две петтини од Германците сметаат дека се под притисок од барањето да се прилагодат на новата технологија.

Во друга анкета на Ернст и Јанг, секој четврти испитаник изјавил дека е загрижен дека ќе биде заменет со машина на работа.

Хејл посочи дека Институтот Макс Планк во Тибинген развива робот за земјоделска работа. Според него, тоа е пример како машините можат да ги заменат луѓето – од кои и онака нема доволно – за берба.

„Значи, дури и во ерата на вештачката интелигенција и роботите, работата нема да ни избега, но ќе биде различна на многу начини“, рече тој.