Гувернерката на НБРСМ разговараше со италијанскиот амбасадор за борбата против фалсификување пари

Целта на средбата, како што велат од таму, е размена на искуства и истражни техники против фалсификување пари

-

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со нејзиниот тим се сретна со италијанскиот амбасадор Паоли Палминтери и високите претставници од Одделот за борба против фалсификување пари на корпусот на Карабинерите, генерал – командант Џанлука Витаглиано и поручник Пиер Луиџи Фери, соопшти НБРСМ. Целта на средбата, како што велат од таму, е размена на искуства и истражни техники против фалсификување пари.

Било истакнато дека НБРСМ постојано ги јакне своите капацитети во овој домен следејќи ги европските стандарди и дека меѓународната соработка е од исклучително значење за справувањето со овие појави.

Притоа, амбасадорот ѝ честитал на Народната банка за пристапувањето кон СЕПА (Единствената област за плаќање во евра).

На работниот состанок присуствувале и претставници на Министерството за внатрешни работи од Одделот за финансиски криминал и тимот на Дирекцијата за трезорско работење во Народната банка. Тие ја презентирале правната регулатива, институционалната поставеност и начинот на функционирање на системот за борба против фалсификувањето пари, како и за заштитните елементи на денарите.

Средбата била дел од проектот „Перикле IV“ (2021 − 2027), програма насочена кон финансирање размена на персонал, семинари, обуки и студии за органите за спроведување на законот и судските органи, банките и другите институции вклучени во борбата против фалсификувањето на еврото. Активностите се одвиваат во еврозоната, во земјите на ЕУ надвор од еврозоната и во трети земји.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...