Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика арапските земји да ги остават настрана меѓусебните несогласувања и да помогнат во окончувањето на шестгодишната граѓанска војна во Сирија.

Апелот го упати за време на посетата на кампот на бегалци од Сирија во Затарија во Јордан, еден ден пред клучниот годишен самит на арапските земји, чиј домаќин годинава е Јордан.

Поделбите меѓу арапските земји, според Гутереш, ненамерно им дале поттик на терористичките групи и овозможиле „други да интервенираат или да манипулираат со ситуацијата, создавајќи нестабилност, потхранувајќи ги судирите и олеснувајќи го животот на терористичките организации“.