fbpx

Ѓуровски го објави списокот на фудбалери за дуелот со Белорусија

-

Бошко Ѓуровски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, го објави списокот за квалификацискиот натпревар со Белорусија за пласман на Европското првенство 2016 година, како и за пријателскиот меч со Австралија.

– Сакам да бидам јасен и да истакнам дека некои играчи кои беа стандардни и беа подолго време дел од репрезентацијата не се земени од причина што не сум задоволен од нивната моментална форма. Репрезентативниот дрес треба да претставува светост и секој играч мора да сноси голема одговорност. Се определив за стил на игра која бара многу движење, мобилност и ниски играчи во нападот – изјави селекторот Ѓуровски.

Списокот на фудбалери за дуелите со Белорусија и со Австралија:

Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Кристијан Наумовски (Динамо Б), Мартин Богатинов (Ермис)

Одбрана: Ванче Шиков (Австрија Виена), Бојан Марковски (Аја Напа), Даниел Георгиевски (Мелбурн), Дарко Велковски (Работнички), Кире Ристовски (Тирана), Стефан Ристовски (Латина)

Средина: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Урош Матиќ (Нац Бреда), Артим Положани (Шкендија), Енис Барди (Ујпешт), Александар Трајковски (Зулте Варегем), Марио Ѓуровски (Мунагтонг), Ферхан Хасани (Брондби), Благоја Тодоровски (Шкендија), Марјан Радески (Металург), Агим Ибраими (Марибор)

Напад: Дејан Блажевски (Вардар), Крсте Велковски (Сараево), Бесарт Абдурахими (Локерен)

Натпреварот со Белорусија е закажан за 27 март на арената „Филип Втори“, а три дена подоцна на истиот стадион гостува селекцијата на Австралија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...