Guild Wars 2 во иднина ќе има повеќе помали и почести експанзии со пoниски цени од постојните. Дeвелоперите на играта Guild Wars 2 неодамна ја добија наградата за „Најдобра траечка игра“ за 2022 година што ја додели списанието PC Gamer. На 10 годишнината од играта, беа додадени неколку позитивни работи. Лансирањето на Steam на новата експанзија End of Dragons привлече поголем број на нови играчи.
Што се однесува за плановите за во иднина веќе е во изработка четврта експанзија, но не ја откриваат ни темата ни сетингот за неа. Иако генералниот план им е да вадат помали експанзии со персонална приказна и други додатоци со секоја од нив. За жал елитните специјализации кои захтеваат коренити промени на играта нема да бидат толку честа појава, иако планираат и да го аптејтираат и тој дел од играта повремено и порасцепкано.
Како што објаснува директорот Џош “Грауч” Дејвис, излегувањето на овие содржини ќе биде многу почесто и веднаш штом ќе се објави кратка експанзија, додека се поправаат и ажурираат новите системи, објавата на нова експанзија би била „токму зад аголот“.
За играта сè уште важи правилото дека опремата, оружјата, оклопите, прстените, амајлиите и друго останува релевантно и во следните експанзии. Затоа и Guild Wars 2 е игра што може да се остави без проблем и да се вратите и пак да бидете на истото ниво.
За Guild Wars 2 веќе имаме повеќе написи што можете да ги прочитате овде.