fbpx

„Гугл ерт про“ отсега е бесплатна

-

Компанијата „Гугл“ одлучи бесплатно да ја понуди „про“ верзијата на „гугл ерт“, која претходно годишно чинеше 399 долари. Корисниците сега без пари би можеле да користат дополнителни опции за мерење на 3Д-градби, печатење фотографии со висока резолуција, снимање видеозаписи со висока дефиниција.

За да ги користат споменатите предности, корисниците сега треба да се регистрираат, по што добиваат бесплатна лиценца.

„Гугл ерт про“ е компатибилна со „виндоус икс-пе“ и најновите верзии на оперативниот систем на „Мајкрософт“, а потребни се 500 мегабајти простор на хардискот и 512 мегабајти работна меморија.

На корисниците на „мек“, потребено им е да имаат барем оперативен систем „OS 10.6“ , како и 500 мегабајти простор на хардискот и 512 мегабајти работна меморија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...